Рекс Тилeрсoн предлага да се скратат 2.300 работни места во Стејт департментот
Официјални извори велат дека државниот секретар на САД Рекс Тилерсон предлага да се намалат 2.300 работни места, во рамки на сериозните кратења во буџетот на Стејт департментот за следната финансиска година, пренесува БТА.
Официјални извори, кои се запознати со предлогот, велат дека намалувањето на работните места ќе биде придружено со намалување на бројот на ангажирање нови дипломати и можно спојување меѓу Стејт департментот и Американската агенција за меѓународен развој.
Кратењата се однесуваат на околу три проценти од целиот персонал на одделот, кој брои приближно 75.000 луѓе.
Изворите кои побараа анонимност, рекоа дека предлогот на Тилерсон е направен во согласност со барањето на Административно-буџетската управа на САД да се намалат буџетите на Стејт департментот и Американската агенција за меѓународен развој за 31 процент, преку сериозно намалување на програмите за странска помош.
Предложените од Тилерсон буџетски кратења се во износ од 26 проценти.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани