МВР: Двајца новинари и една вработена во Собрание пријавиле физички напад
Вчера во 21.45 часот во ЕИК Скопје, Т.Д. (37) од Скопје, новинар во новинска агенција „Мета“, пријавил дека истиот ден околу 19.40 часот во прес салата во Собранието на Република Македонија, додека фотографирал како со неговиот приватен мобилен телефон, од страна на пет непознати лица му било извршено разбојништво. Најпрво му пришло едно лице и му се заканило дека физички ќе го нападне доколку не престане да снима со мобилниот телефон. Потоа му се придружиле уште четири лица кои физички го нападнале, удирајќи со клоци и тупаници во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето. Притоа, едно од лицата му го одзело телефонот и продолжиле да го удираат. Од страна на непознато лице бил извлечен во бифето и изнесен надвор од Собранието. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ноќеска во 01.50 часот во ЕИК Скопје, Г.С.З. од Скопје, новинар од Радио „Слободна Европа“, пријавила дека на 27.04.2017 година околу 19.40 часот, пред главниот влез на Собранието на Република Македонија, додека извршувала работни задачи, лицето Е.Ј. од Крива Паланка од раката насилно и ја одзело и скршило службената камера. Додека си ја барала камерата, од страна на толпата била удрена во пределот на грбот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера исто така во 23.05 часот во ЕИК Скопје, Ј.Ш.Л. (63) од Скопје, вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18.30 во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото. Истата била удрена со безбол палка во пределот на грбот, а и биле упатени и повеќе навредливи и погрдни зборови. При нападот на Ј.Ш.Л. и биле нанесени видливи повреди на телото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторители и за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети