Дваесетто продолжение на конститутивната седница

Собранието на Република Македонија 20-тото продолжение на конститутивната седница денеска го продолжи по точката на дневен ред за избор на Комисијата за изборите и именувањата.
Во расправата во реплики и процедурални забелешки пратениците во дебатата се осврнаа на изнесениот став на лидерот на движењето Беса Билал Касами во ТВ дебата за промена на симболите и идентитетот на државата.
Пратенците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека е важна точката на дневен ред и затоа се сака да се разјаснат некои работи околу тиранската платформа.
Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ станува се појасно дека пакетот е договорен и тој претставува суштинско редефинирање на идентитетот на РМ.
- Ние сакаме да се отворат прашања за идентитетот на државата. Затоа дебата е одлична работа, бидејќи во неа излезе на виделина она што некој сака да го скрие. Излезе на виделина дека без идентитетско редефинирање на РМ, СДСМ не може да состави влада, рече Димовски.
Ибрахими Зекирија од Беса истакна дека се злоупотребува говорницата да се упатат други пораки и повтори дека ставот на Беса околу химната и државните симболи е познат одамна. - Ги почитуваме, не бегаме од салата кога се пее химната, но имаме суштествени забелешки затоа што тие симболи, посебно химната, не се инклузивни за сите етникуми во РМ, рече Зекирија.
Тој додаде дека тоа е едно отворено прашање што го поставиле во нивната платформа и затоа, како што рече, не би сакал за секоја забелешка да се обвинува СДСМ. Според него ова се прашања што треба неприкосновено да се спроведат.
Претседавачот Трајко Вељаноски даде пауза откако пратениците не ги почитуваа забелешките да не ги користат репликите кон пратениците што не се присутни и да ги злоупотребуваат процедуралните.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
