-->
-->
ЖРК Вардар ја освои титулата во регионалната лига
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар ја освоија титулата во Женската регионална ракометна лига откако вечерва во финалето што се одигра во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа големиот ривал Будуќност со 27:25 (15:14).
„Вардарки“ триумфот го најавија со одличниот настап на голманката Амадин Лејно, која вчера во полуфиналето со Подравка не бранеше, а денеска имаше одличен почеток на финалето. ЖРК Вардар во финишот на првиот дел имаше водство од четири голови, но Будуќност преку бековите Кристина Неагу и Катарина Булатовиќ го намалија водството.
На почетокот на вториот дел „црвено-црните“ поведоа со 20:17, но кон средината на полувремето Будуќност поведе со 22:21. Македонскиот првак брзо ги консолидираше редовите и стигна до победата.
Најефикасна кај ЖРК Вардар беше Тамара Мавсар со шест постигнати голови, а Андреа Пенезиќ постигна пет. Во таборот на Будуќност, Неагу и Булатовиќ дадоа по осум голови.
Лејно е прогласена за најдобар голман на завршниот турнир, а Андреа Пенезиќ ја доби наградата МВП.
Во малото финале екипата на Крим постигна победа од 31:25 против Подравка.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце