Десет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Десет лица се полесно повредени во девет од вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол поради што се исклучени од сообраќај, кај седум возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, како и кај четворица возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Санкционирани се и девет возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските кон поставените сообраќајни знаци, 45 возачи за непрописно паркирани возила, како и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Поради непрописно паркирање со помош на специјалното возило отстранети се 63 возила.
Од СВР Скопје информираат дека денеска Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе превземат превентивни мерки од областа на сообраќајот, пред ТЦ „Рамстор“ на ул „Кирил и Методиј“ на подрачјето на општина „Центар“.
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
