Двајца мртви и двајца повредени на словенечки брод во САД

Двајца морнарни загинаа, а двајца се здобија со тешки изгореници и префрлени се во болница во САД по експлозијата која се случи на бродот Тамар, во сопственост на словенечкиот бродосопственик Сплошна Пловба.
Експлозијата, по која следуваше пожар на бродот, регистрирана на Маршалските острови се случи вчера, потврди денеска директорот на Сплошна Пловба, Егон Бандељ.
Според него, до несреќата на бродот кој превезувал јаглен од американскиот Балтимор кон Азурските острови дошло во Атланскиот океан.
Причините за експлозијата и пожарот во предниот товарен простор на 190 метри долгиот брод, специјализиран за превоз на јаглен, се уште се утврдуваат, а по инцидентот интервенираа и американските спасувачки служби и крајбрежната стража.
Бродот има мешовит меѓународен екипаж, меѓу кои и тројца словенечки државјани, од кои ниту еден смртно не настада.
Виталните делови на бродот не се оштетени, па пловилото со конечна дестинација во пристаниште во Индија ќе ја продолжи пловидбата.
Ново на Сител
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
