Груевски: До крајот на годината седум нови градинки, досега отворени 39
До крајот на годинава во Македонија ќе бидат пуштени во употреба седум нови детски градинки. Пет беа пуштени во употреба од почетокот на оваа година, така што досега вкупно се пуштени во употреба 46 нови детски градинки, информира денеска премиерот Никола Груевски.
Петте градинки пуштени во употреба годинава се во општините Кисела Вода, Чешиново-Облешево, Кавадарци, Босилово и Охрид, а планираните седум се во Карбинци, селото Оризари, Кочанско, Ѓорче Петров, Пештани, Охрид, Сарај, Липково и Гостивар. Исто така, во изминатиот период се отворени и 28 центри за ран детски развој.
Премиерот додаде дека во 2006 година, пред да почнат активностите за изградба на градинки, опфатот на децата згрижени во овие установи изнесувал околу 10 проценти.
- Сега веќе тој опфат нарасна на приближно 40 проценти, поточно 38,5 проценти што за неколку години претставува значителен пораст. Тоа е во духот на поддршка на семејствата во Македонија кои имаат деца и во духот на поддршка на напорите за подобрување на демографските движења во Македонија, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелникот за изградба на нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани