-->
-->
Знаете ли колку заработуваат вработените во Фејсбук?
-->
На сите им е јасно дека Фејсбук ги надмина границите на обична социјална и друштвена мрежа, стана дел од секојдневниот живот на корисниците а поради тоа луѓето кои стојат зад добро познатата лого се во континуирана потрага по таленти.Дизајнери, инженери, менаџери, девелопери, и многу други луѓе на работни места кои не ги гледаме а се екстремно платени.
На прво место на листата на најплатени работни места на Фејсбук е местото на менаџер инженерот, а негова задача е да работи со тим инженери на изградба и управување на специфични производи. Ова работно место "чини" 166.661 долари.
Веднаш после него е софтвер инженерот кој заработува дури 160.638 долари, а тоа се луѓето со најдолго искуство во компанијата. Плати од 158.080 долари имаат "обични" софтвер инженери, кои имаат искуство до 10 години работа.
Четврто најплатено работно место е продукт менаџерот со 147.469 долари пишува Бизнис Инсајдер.
По него следи позицијата на техничкиот програм менаџер кој води основни тимови за управување различни производи на компанијата а има приход од 146.282 долари.
Инженерите на бази податоци заработуваат 141.635 долари а научниот истражувач заработува 137.134 долари. Листата на најплатени луѓе ја заклучува четвртиот софтвер инженер кој месечно заработува по 136.844 долари и фронт-енд инженер со примања од 136.131 долари..
За овие работни места постојат јавни податоци за нивната заработка, што значи дека постојат одредени личности и работни места во компанијата чија плата е строго чувана тајна, тие цифри не се објавуваат, пренесува телевизијата Н1.
Износите на платите се суми во кои не се пресметани бонуси и бенефиции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
