Канческа-Милевска во посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот советник за заштита на културно наследство Диме Маџоски денеска беа во посета на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип.
Тие ја посетија изложбата на монети во галеријата „Безистен“, како и црквата „Св.Спас“ каде што комплетно е завршен проектот за конзервација на фрескоживописот кој е од 14 век.
- Мило ми е што завршивме со конзервацијата на живописниот фрескоживопис во црквата „Свети Спас“, а исто така се заврши и реконструкцијата на кровот. Овој проект комплетно е завршен по што како Министерство за култура ќе почнеме и со партнерното уредување на црквата, рече Канчевска-Милеска.
Таа информира и за уште еден, како што рече, исклучителен значаен проект - конзервација на 85 икони кои ќе си го најдат своето место во посебен галериски простор во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село.
- Веќе половина од иконите, над 40, се конзервирани, се работи на останатиот дел, значи втората фаза, така што согласно динамиката овој проект треба да заврши следната година, рече Канчевска-Милеска.
Таа истакна дека долгорочен е и проектот за обнова и реновирање на фасадите во штипско Ново Село и во централното градско подрачје. Задоволна е што во новоотворениот музеј на истакнати историски личности кои потекнуваат од штипско Ново Село е успешен проект, бидејќи, како што рече, откако куќата беше откупена од страна на Министерството се обнови фасадата на куќата и се отвори Музејот и има голема посетеност од страна на туристите од земјава и странство.
Најави дека во текот на наредниот период ќе следи тендерска постапка за реновирање на фасадата на куќата на семејството Личкови во Ново Село.
Канческа-Милевска ја посети и изложбата на монети во галеријата „Безистен“ каде што истакна дека е од исклучително значење и може да се видат 430 оригинални бронзени златни и сребрени монети кои се откриени при големите археолошки истражувања на локалитетите во штипскиот регион, а според неа исклучително е и тоа што првпат се изложени за јавноста.
- Со градоначалникот Илчо Захариев разговаравме и за заедничката манифестација „Макфест“ која ја реализираме со заедничка поддршка на сите институции. Оваа манифестација успешно ја реализираме. Сакам да информирам за новата опрема која ја доделуваме на театрите и центрите во земјава. Во Штип, Центарот за култура „Ацо Шопов“оваа опрема ја доби и веќе ја користи, вели Канческа-Милевска.
Според неа, важно е што проектите кои се финансирани преку Програмата за национален интерес се рализираат во Штип и имаат своја динамика.
Директорот на Заводот за заштита на споменици и музеј на град Штип Зоран Читкушев најави дека во наредниот период ќе се обноват и фасадите на уште две куќи во штипско Ново Село, исто така и на улицата „Гоце Делчев“.
- Во наредниот период ќе имаме и санација на фасадата и на „Гарни“ хотелот, впечатлив објект за централното градско подрачје. Во следните две години ќе го реализираме овој проект, а мене лично ме радува што веќе и самите сопственици на старите куќи ги санираат своите фасади и бараат поддршка од нас, вели Читкушев.
Министерката Канческа-Милевска информираше дека Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип преку проектите за национален интерес добил 8,5 милиони денари за реализација на повеќе проекти.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
