Во стан на нигериското разузнавање пронајдени 43 милиони долари

Во еден стан во Лагос, што го користела за свои оперативни потреби разузнавачката агенција на Нигерија, оперативците на домашната антикорупциска агенција откриле повеќе од 43 милиони долари.
Претседателот на државата Мухамаду Бухари наредил итна истрага за случајот и го суспендирал од функцијата директорот на тајната служба, Ајо Оке.
Истрагата треба да открие како било можно толкаво големо количество на готовина, наместо во банките, да се чува во плакар во стан лоциран во главната улица на најголемиот нигерски град.
Заедно со директорот Оке, суспендирани се и неколкумина други високи функционери на агенцијата.
Од стапувањето на функцијата во 2015 година, Бухари започна „војна“ против корупцијата во оаа најнаселена африканска земја богата со нафта, а посебно против корумпираните владини функционери и државни службеници.
Антикорупциската агенција посебно е насочена на откривањето на скриени пари, па медиумите јавуваат дека покрај случајот во Лагос, оперативците на агенцијата откриле уште два такви случаи во земјата.
Еден функционер на разузнавачката агенција, чиј идентитет не се открива, изјавил дека парите се чувале во станот затоа што биле потребни за разни тајни операции, но ниту еден од суспендираните директори не прифатил да го потврди или да го демантира ваквото објаснување за случајот.
Ново на Сител
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
