-->
-->
Илјадници лица протестираа во Турција против резултатите од референдумот
-->
Илјадници лица протестираа синоќа на улиците на неколку градови во Турција, за да го изразат своето незадоволство од резултатите од референдумот, со кој му се даваат поголеми надлежности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави ДПА.
Протести беа организирани во Истанбул, во главниот град Анкара, во Исмир, Ескишехир и во други градови во земјата.
Во истанбулскиот кварт Бешикташ демонстрантите извикуваа „Разбојник, убиец, Ердоган“ и ја обвинија Државната изборна комисија за партиска пристрасност.
Тие упатија критика поради одлуката на Комисија да ги определи како важечки гласчаките ливчиња, кои немале соодветен печат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје