За утре закажана конститутивна седница на новото бугарско Собрание
Новоизбраното Народно собрание на Бугарија утре ќе ја одржа својата конститутивна седница, која согласно Уставот, ја свика бугарскиот претседател Румен Радев.
Во новиот, 44-ти состав на Собранието влегуваат пет политички субјекти - конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) со 95 пратеници, коалицијата „БСП за Бугарија" предводена од Бугарската социјалиситчка партија (БСП) со 80 мандати, блокот Обединети патриоти со 27, Движењето за права и слободи (ДПС) со 26 и партијата Волја со 12 пратеници.
По полагањето заклетва на партениците и воведните обраќање на претставниците на пратеничките групи, предвиден е избор на претседателот на Народно собрание и негови заменици и усвојување на Правилниник за работа и организација на Парламентот.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола