Битолскиот театар гостуваше во Санкт Петербург
Ансамблот на Народниот театар-Битола синоќа во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“.
Копродукцискиот перформанс, кој е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година, беше во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Перформансот беше изведен во форма на маратонска актерска манифестација посветена на Шекспир.
Освен во музичко-сценскиот дел, битолската група „Фолтин“ која настапува во перформансот, приреди и посебен концерт за руската публика. Во претставата настапија актери од Македонија и Русија, но како почесен гостин настапи и народниот актер, некои го нарекуваат и актерска икона во Русија, Ивак Краско, кој иако има 89 години, се уште е активен. Заедно со актерите од Русија настапија и битолските актери Соња Михајлова, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Александар Димовски и други членови на ансамблот.
Народниот театар-Битола оваа пролет, со поддршка на Министерството за култура, ќе настапи и во Канада.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија