Животна драма: Обожавателка ја исече со нож сопругата на Здравко Чолиќ
Откако стапи на музичката сцена Здравко Чолиќ стана миленик на жените.
Поради обожавателките кои го следат на секој чекор, пејачот во текот на богатата кариера имал многу непријатности. Една ќе му остане запаметена за цел живот.
Имено, една страстна обожавателка на Чола отишла предалеку, па неговата сопруга Александра ја нападнала со нож и ја исекла по лицето.
-Многу работи поминав и доживеав во животот. Еднаш мојата сопруга со нож ја нападна една обожавателка и ја исече по лицето. Сандра се тргна, но оваа малку ја закачи, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден денеска се сеќавам на тоа. Мојата жена други поголеми непријатности немала, зошто не се експонира, не е тој тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат подалеку од јавноста, изјави чолиќ за еден магазин.
Тој објасни дека во овој случај среќа во несреќа е што неговата сопруга не е љубоморна, па драмата завршила.
-Мојата сопруга реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Таа тоа го доживува како добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене. Таа публика со години е со мене и го поддржува тоа што го работам. Верувам дека може да и биде само драго поради тоа, раскажува пејачот.
Ново на Сител
-
Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
-
Јун Сук-јеол: Парламентот стана чудовиште, ќе се борам до крај
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер