Паркирањето во Штип ќе се плаќа преку СМС порака

Во Штип наплатата на паркинг просторот ќе се врши и со СМС пораки. По четири години од воведувњето на наплатата на паркинг местата во Штип успешно е спроведена тендерска постапка. Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Игно Иванов денеска изјави дека на јавната електронска аукција најповолна понуда дала фирмата „Електрософт инжињеринг“ од Скопје.
Деновиве се очекува и договорот да се потпише, по што во Штип ќе биде решен и овој проблем со паркинг местата.
- Останува онаа иста цена која и досега важи, само што ќе биде олеснето плаќањето на граѓаните затоа што сите имаат мобилни телефони, така што лесно ќе ја наплатат оваа услуга со едноставно праќање порака до операторот, вели Иванов.
Тој забележа дека со овој начин на наплатата на паркинг местата граѓаните од останите градови во земјава, кои го посетуваат Штип веќе нема да чекаат и да прашуваат, како да ја извршат наплатата на местото на кое го паркирале сопственото возило.
Иванов најави дека на локациите во градот ќе бидат поставени и дополнителни информативни табли на кои подетално ќе се објасни како може да се изврши наплатата на паркингот со помош на мобилен телефон праќајќи СМС порака.
Во изминатите четири години штипјани и граѓаните од останатите градови наплатата можеа да ја вршат со билети кои се продаваат во неколку продавнци или трафики. Додека жителите и граѓаните кои што работат во институциите во центарот на градот имаат можност да си обезбедат месечен или годишен билет.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
