-->
-->
Вардарки против Митјиланд во првиот меч од четвртфиналето на Лига на шампионките
-->

Женскот ракометен првак на Македонија, ЖРК Вардар попладнево во Данска, против Митјиланд ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.
Вардарки кои веќе три сезони завршуваат како третопласирани во елитното натпреварување ќе ја имаат улогата на фаворитки во дуелот со незгодната данска екипа, која игра брз ракомет.
Двете екипи досега имаат пет меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите, а само во 2014 година Митјиланд успеа да ги порази вардарки на домашен терен со 25-24. Останатите четири натпревраи завршија со победи на македонскиот шампион вклучувајќи го триумфот од 33-31 оред две сезони на завршниот „Ф4“ турнирот во Будимпешта во дуелот за третото место.
За Данска отпатува речиси комплетниот тим на Вардар, со исклучок на Андреа Човиќ која поради повреда се уште е на рехабилитација. Во тимот се враќа и Андреа Лекиќ која ги пропушти двата турнир во ВРХЛ лигата. И без нејзе и Алтхаус тимот одигра добро на последните четири натпревари, но секако дека сега нападот ќе биде поразновиден и поубоит, а одбраната поцврста со играњето на Алтхаус.
Натпревраот Митјиланд – Вардар ќе започне од 17 часот термин во кој ќе се игра и мечот меѓу Мец и Ѓер, додека два часа подоцна на програмата е и последната средба во која Будуќност го пречекува Ларвик.
Потсетување дека својот прв четвртфинален меч пред два дена го одиграат ЦСМ Букурешт – Ференцварош, а заврши со победа на романската екипа (30-25).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
