Свет
9. April 2017 - 9:14

Лавров: Нападот врз Сирија е во корист на екстремистите

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со американскиот колега Рекс Тилерсон посочи дека нападот на Сирија е во корист на екстремистите, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Тоа е прв разговор на руски и американски претставник по нападот на САД врз сириска воена база.

- Сергеј Лавров нагласи дека нападот врз земја чија Влада се бори против тероризмот е во корист само на екстремистите и создава дополнителни закани по регионалната и глобалната безбедност, се истакнува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.