Младо мече во атарите на селата Вратсилавци и Косевица

Камерите на Ловното друштво „Каменица - Саса“ регистрирале млада мечка во шумите во атарите на селата Вратсилавци и Косевица.
Според претседателот на Ловното друштво Гоце Стоиловски, мечката ја забележал и жител на селото Моштица во малото Каменаре.
Стоиловски истакна дека тие се во постојана координација со месното население и со ресорното Министерство за земјодлество и шумарство и потенцира дека мечките се заштитени животни во Македонија.
Ловџиите во регионот на крајниот исток ја потврдуваат посетата на младата мечка. Кире Димитровски кој е 30 години ловџија од ЛД „Острец“ од Делчево информира дека уште лани во ноември била регистрирана млада мечка на територијата на М. Каменица.
- Станува збор за млада мечка, тешка околу 100 килограми. Лично ја имам видено на снимката од камерите на каменичкото Ловно друштво. Најверојатно залутала во овој дел, барајќи ја мајката која го води или самата барала храна, а во тој дел од Каменица има многу пчелни семејства, но засега никој ниту од пчеларите, ниту од сточарите се нема пожалено на некаква штета, рече Димитровски.
Тој потенцираше дека мечките во овој регион се многу ретки.
- Пред 17 години е забележана мечка кај пехчевското село Негрево, а оттогаш до денес ова е првпат да се појави мечка. Мечките се движат во пограничниот дел со соседна Бугарија, каде има доста густа шума и економско ловиште и на нашиот терен престојуваат по неколку дена по што се враќаат назад, истакна Димитровски.
Мечките во Македонија се најзастапени во планинските области од западниот, централниот и јужниот дел, а повремено се јавуваат и во источните краишта. Од 1996 година мечката е заштите животно. Бројната состојба е значително подобрена во последните години, од 151 во 2010 на 471 во 2014 година.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
