Во Делчево обуки за нега на стари и немоќни лица
Пет невработени жени вклучени во мобилните екипи за грижа на стари лица во Делчево преку проектот Општинско - корисна работа, во Здравствениот дом во Делчево од денеска ги започнаа обуките за добивање меѓународен сертификат за грижа за стари лица.

Џулиета Мемедова од општина Делчево координатор на проектот истакна дека обуката е со времетраење од три месеци, а сертификатот што ќе го добијат е со меѓународно значење.
- Овие лица беа вклучени изминативе шест месеци во нега и грижа на 45 стари и изнемоштени лица во Делчево. Нивната услуга беше секојдневно да им помагаат на лицата во дневните обврски. Оваа обука ќе значи заокружување на нивното стручно познавање од оваа проблематика, а обуката ќе ја води Тонкица Петровска, специјалист по интерна медицина, рече Мемедова.
Таа истакна дека овој сертификат ќе им помогне во иднина за вработување, бидејќи вклучени се невработени жени кои се на возраст од 44 до 58-годишна возраст.
- Сите овие невработени спаѓаат во ранливи категории, кои порано работеле, но останале без работа, или доаѓаат од социјално ранливи категории, така што овој сертификат може да ги направи и поконкурентни на пазарот на трудот, рече Мемедова.
Вкупно во проектот за општинско корисна работа во Делчево беа вклучени девет лица. Освен во мобилните екипи за грижа за стари лица, беа ангажирани и две лица во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево и во кујната во детската градинка и сите пружале услуги на 380 корисници. Проектот се спроведуваше од септември лани до март годинава, а финансиски беше поддржан од Општина Делчево и УНДП.
Ново на Сител
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
