-->
-->
Турција бара „осовременување“ на Царинската унија со ЕУ
-->

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оцени дека Царинската унија меѓу Турција и ЕУ треба да биде „осовременета“, јави агенцијата Анадолија.
- Се повеќе се зголемуваат недостатоците во договорот на Царинската унија, па затоа треба да го осовремениме, изјави Чавушоглу, додавајќи дека тие проблеми посебно дошле до израз поради „брзото поместување на глобалната економија од Западот кон Истокот“.
Договорот за Царинската унија меѓу Турција и ЕУ стапи во сила во 1995 година и со него се опфатени широка лепеза на производи.
Турција е петти најголем трговски партнер на ЕУ, а земјите од блокот се главен пазар за извоз на турски производи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
