Преполовен бројот на вработени во американските весници
Во изминатите 15 години бројот на вработени во весниците во САД е намален за повеќе од половина, при што најголемиот број од овие лица преминале во интернет медиумите, покажуваат податоците на американското Биро за вработување.
Според овие податоци, бројот на вработени во весниците во САД од околу 412.000 во 200, се намалил на 174.000 во 2016 година.
Од друга страна, бројот на вработени во порталите и останатите интернет медиуми од 67.000 во 2007 година се зголемил на над 206.000 во текот на минатата година.
Според аналитичарите, ваквите бројки укажуваат на голем пресврт во медиумскиот сектор во САД, кој полека од печатените изданија преминува на онлајн медиумите.
Доказ за ваквата констатација е и фактот што бројот на весници во САД се намалил од 9.310 во 2001 на 7.623 во 2016 година, што претставува пад за 18 проценти.
Наспроти ова, бројот на интернет медиуми од 150 во 2007 пораснал на 13.924 во текот на минатата година.
Освен кај дневните весници, намалувањето на бројот се бележи и кај магазините и периодичните изданија, кои својот врв во САД го достигнале во 2008 година кога биле печатени 9.232 вакви изданија, а лани нивната бројка е сведена на 7.566.
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција