Членството во НАТО ќе ја чини Црна Гора 450.000 евра годишно
Полноправното членство во НАТО годишно ќе ја чини Црна Гора по околу 450.000 евра, соопшти црногорскиот Совет за членство во Алијанста, нагласувајќи дека се неточни информациите што се пласираат во јавноста оти Подгорица како членка на Пактот ќе мора да плаќа по два отсто од својот бруто домашен производ (БДП).
Во соопштението на Советот се нагласува дека членството во НАТО повлекува два вида на трошоци - членарина, која за Црна Гора ќе изнесува околу 450.000 евра годишно, и давачки од домашниот буџет наменети за системот за одбрана, кои земјата ги има независно дали ќе биде членка на Алијансата или не.
Од Буџетот на Црна Гора за 2017 година за потребите на одбраната се предвидени околу 50 милиони евра, од кои само околу пет милиони се од сопствени приходи.
- Тоа значи дека членарината од 450.000 евра е апсолутно прифатлива и остварлива, се наведува во соопштението.
Според Советот, инсистирањето на централата на НАТО и пред се на САД, секоја земја членка да ги зголеми троошоците за одбрана на ниво од два отсто од својот БДП, всушност се однесува на средства наменети за сопстевната одбрана на секоја држава, а не за буцетот на Алијансата.
Црна Гора планира издвојувањата за одбраната да ги зголеми до два отсто од БДП до 2024 година.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ