-->
-->
Фејсбук и Германија заедно против говорот на омраза
-->

Една од највлијателните социјални мрежи, Фејсбук најави дека ќе соработува со германските власти во акцијата против говорот на омраза и ксенофобијата поврзани со бегалците.
На средба во Берлин претставници на Фејсбук и министерот за правда на Германија, Хајко Мас се договориле да работат заедно со германските институции и интернет провајдерите со цел од социјалните мрежи да ги отстранат содржините што се сметаат за говор на омраза.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, реакцијата на американската компанија доаѓа откако Мас се пожали дека Фејсбук не реагира на расистички објави.
- Особено корисниците на Фејсбук се повеќе се жалат дека вашата компанија не е ефективна во запирање на расистички објави и коментари и покрај тоа што укажавме на конкретни примери, порача во писмо до Фејсбук министерот Мас.
И покрај тоа што најави дека нејзини експерти ќе соработуваат со германските власти, Фејсбук сепак не се откажува од својата политика за одредување на содржини што се сметаат за агресивни.
Весникот „Волстрит Џурнал“ цитира извори вклучени во разговорите со германската Влада, кои што тврдат дека бегалците не се заштитени од политиката против говор на омраза на компанијата Фејсбук, која дозволува упатување на критики кон луѓе базирана на акција, а не врз база на нивниот идентитет.
Говорот на омраза на социјалните мрежи се зголеми со огромниот наплив на бегалци во Германија, а вербалните напади на интернет понекогаш се сметаат за иницијална каписла за физички напади врз бегалци и сместувалишта на баратели на азил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
