Лазаров: Жерновски ја легализира најголемата дивоградба во Градскиот парк
Томислав Лазаров, координатор на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар денеска го обвини градоначалникот Андреј Жерновски за поддржување на урбаната мафија во Скопје, истакнувајќи дека ја легализирал најголемата дивоградба во Градскиот парк“.
Во прилог на тврдењето презентира решение со кое, како што рече,е легализирана дивоградбата.
Андреј Жерновски, рече Лазаров, сакаше да го уништи пазарчето Буњаковец со цел да оствари бизнис интереси на негов пријател и да се изгради бензиска пумпа. - Овој план по жестока реакција на граѓаните беше повлечен, наведе Лазаров.
Според него, Жерновски во недостиг на работа и проекти креира проблеми, а потоа обвинува други.
- Тој сега самиот крева магла за урбанистичкиот план кој го изработил и го предложил на разгледување на јавна анктеа. Неговата намера не е да реши проблеми туку да ги создаде. Тој го критикува Министерството за транспорт и врски, а од таму велат дека се што Жерновски ќе предложи и е во рамки на законот ќе биде прифатено, рече Лазаров.
Ново на Сител
-
Израел се заканува дека ќе му го направи на Техеран она што му го направи на Хамас во Појасот Газа
-
Јермак: Украина и сојузниците разговараа како да извршат притисок врз Русија за 30-дневен прекин на огнот
-
Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони