Собранието ја продолжи конститутивната седница
Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера во своите излагања бараа да се почитува волјата на мнозинството при изборот на претседател на Комисијата и на Собранието кои, како што посочија, секогаш доаѓаат од победничката пратеничка група.
Во вчерашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираа за т.н. тиранска платформа и порачаа дека се за унитарна, мултикултурна и напредна, а не федерализирана, бинационална и двојазична држава. Според нив, прифаќањето на платформата е постизборен инженеринг со кој се изигрува волјата на мнозинството.
Во однос на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир