-->
-->
Ф1: Фетел победник во Мелбурн
-->
Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Австралија, со која утринава стартуваше новиот шампионат во Формула 1. Германецот трката на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ја заврши со повеќе од девет секунди во однос на главниот фаворит Луис Хамилтон од Мерцедес кој ја имаше пол-позицијата на стартот.
Британецот ја изгуби првата позиција најмногу по вина на тактичката грешка на Мерцедес, кои го повикаа Хамилтон во боксот прерано, а гужвата на патеката не му дозволи да се врати на лидерската позиција.
На најниското место на подиумот се искачи Валери Ботас од Мерцедес.
За Фетел кој е четирикратен светски првак победата во Мелбурн е 43. победа во кариерата, а за неговиот тим Ферари прва на стартот на сезоната по пауза од шест години.
Бодови во Австралија освоија:
1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:24:11.670 час,
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +9.975 секунди,
3.Валтери Ботас (Мерцедес) +11.250,
4.Кими Раиконен (Ферари) +22.393,
5.Макс Ферстапен (Ред Бул) +28.827,
6.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:23.386 минута,
7.Серхио Перез (Форс Индија) +1 круг,
8.Карлос Саинц (Торо Росо) +1 круг,
9.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг,
10.Естебан Окон (Форс Индија) +1 круг.
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 9 април во Шангај, за голема награда на Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово