Во Куманово протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“
Кумановци и вечерва се приклучија на протестниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ и уште еднаш ги упатија пораките за унитарна Македонија и за отфрлање на тиранската платфора.
Граѓаните маршот го завршија пред Центарот за култура на кој се обратија Звонимир Стојановски и актерот Владо Дојчиновски.
Стојановски го поздрави ставот на претседателот Ѓорге Иванов дека и после посетата на еврокомесарот Јоханес Хан не ја сменил одлуката во врска со формирањето Влада дека нема да даде мандат на која било партија или поединец, доколку во својата програма има наведено точки во кои барањата се со цел редефинирање на државата и од унитарна, единствена ја прават, бинационална, федерализирана и удираат по темелите на Република Македонија.
Актерот Дојчиновски рече дека друга земја немаме и дека граѓаните сакаат да живеат во заедничка земја. Граѓаните протестираат, додаде, за отфрлање на тиранската платформа.
- Толку ли е тешко да се каже дека се отфрла таа тиранска платформа и да се заврши работата. Ни ветуваа дека од тоа нема ништо, видовме денеска. Една од работите ја направија за кои велеа дека не е точно, рече Дојчиновски.
Додаде оти пет века сме биле под османлиска власт и никој не ни наметнал друг јазик, секогаш се зборувал македонскиот.
- Ако ја изгубиме нашата земја, ако и наштетиме, тие што ја пролеале таа крв за нас ќе не колнат, рече Дојчиновски.
Порача дека секој ден ќе се излегува на улиците и ќе се искаже револтот против секој оној кој ќе ги гази интересите на оваа земја.
По завршување на маршот и на говорите, учесниците на маршот донираа средства на пунктовите на Црвениот крст во Центарот за култура, наменети за кумановското семејство Маринковски за кого вечерва се организира хуманитарен концерт.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО