ЕВН Македонија се приклучува на акцијата „Час на планетата Земја“

ЕВН Македонија соопшти дека со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите корисничко-енергетски центри низ државата утре од 20:30 до 21:30 часот ќе се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.
- Годинава, „Час на планетата Земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија, се наведува во соопштението од компанијата.
„Часот на планетата Земја“ ќе се одбележи и во рамки на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „Фејсбук“ започнува иницијатива за мотивирање на корисниците да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија, а најдобрите идеи и пораки ќе добијат симболична награда.
Од компанијата посочуваат дека освен кампањата „Енергетска математика“ се спроведуваат и низа други активности со кои вработените и корисниците се мотивираат да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Покрај ова, ЕВН Македонија спроведува и проекти за заштита на животната средина и природните ресурси, а на своите корисници им ја нуди и услугата Е-фактура, чија цел е да ја намали употребата на хартијата за печатење на месечните фактурии на тој начин да ја заштити животната средина.
- Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
-

Трамп: Американските сили во операцијата за апсење на Мадуро употребија тајно оружје
-

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите
