-->
-->
Меркел: После Брегзит нема да има напуштање на ЕУ
-->
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави за германскиот весник Пасауер Ноје Пресе дека не стравува дека после Брегзит и други земји ќе одлучат да ја напуштат Европската унија.
- Не, државите членки секако имаат различни идеи за иднината, но патот кон напред е јасен: повеќе соработка, одговори Меркел на прашањето дали стравува дека други членки ќе ја напуштат Унијата.
- Работата во идните години ќе се движи во двете насоки. Од една страна се преговорите за излегување од ЕУ со Велика Британија, а од друга страна разгледување како ЕУ со 27 членки ќе се подготви за иднината, ја пренесува Хина изјавата на Меркел за денешното издание на овој германски весник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден