-->
-->
Внукот на Христо Татарчев со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Да се заколнеш во чест на татковината е нешто многу големо
-->

Со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и за граѓаните кои од ден во ден се повеќе излегуваат на улиците излезе и внукот на еден од основачите на Македонскта револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет Христо Татарчев, Никола Татарчев.
Тој раскажа за младите луѓе кои во 19 се бореле за осамостојувањето на Македонија
-Размислувам за еден апстракт, апстрактот е кога млада интелигенција од 19 век, одеше во Европа, во европските земји да види што е демократија, тогаш тие слушаа само преку радио, преку писмо, во тоа време немаше друго и се нафрлија многу на школувањето, на образованието. Покрај образованието, тие видоа што е тоа демократија, што е тоа парламент, собрание. До тогаш бевме под османлиско ропство и нормално дека тие собитија тука не се склучуваа. Враќајќи се во својата татковина тие почнаа да шират една пропаганда, пропаганда за осамостојување и носење автономни свои закони, поготово за македонското население, за самостојна и автономна Македонија, затоа од страна имаше влијание од други народи, изјави Никола Татарчев.
Тој изрази чудење како некои после 150 години можат да одат против тоа за што се бореле револуционерите во тоа време
-Сега мене ми е чудно, кога тие пред 150 години, се заангажираа, се бореа и многу жртви паднаа за самостојноста на Македонија и сега доаѓа еден апстракт, тој апстракт е овој сега што се случува во Република Македонија. Во тоа време татковината се ценеше многу, затоа што сите Комити влегуваа во борба, со четите свои, на чело со војводите и младата интелигенција ако учествуваше се заколнуваа во Бога и во честа на татковината. Да се заколнеш во чест на татковината е нешто многу големо, многу скапо, изјави Татарчев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
