Седница на Уставен суд

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го укина членот 18, став 4 од Законот за управна инспекција, кој гласи „против решението на министерот не може да се води управен спор“.
Одредбата е укината бидејќи законодавецот пропуштил да ја отстрани од претходниот закон и за да не дојде до забуна, бидејќи министерот не носи веќе решение туку Второстепената државна комисија, која е формирана за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и против ова решение може да се поведе управен спор пред надлежниот суд.
Судот денеска не поведе постапка по иницијативата поднесена на член 73 од Законот за работните односи, по иницијативата поднесена на член 9, став 3 од Уредбата за определување на условите и начинот на доделување националното спортско признание за врвно спортско остварување и висината на паричниот надоместок, како и по иницијативата поднесена на Одлуката за усвојување на годишната Програма за поставување времени објекти на општина Охрид за 2016 година.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
