Македонија
15. March 2017 - 12:14

Плусинфо: Ахмети се премислува

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не треба да се свика седница на Собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој во интервју за РТВ21 рече дека досега нема никаков знак дека Собранието може да биде свикано, но, според него, се прават напори за тоа, пренесува Плусинфо.

- Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии, ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во Собрание без претходен договор. Да не одиме во Собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди, туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот - изјави Али Ахмети.

Ахмети рече дека не гледа никакви проруски тенденции кај ВМРО-ДПМНЕ но вели дека на Русија не и одговара Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ. 

- Не сум забележал заземање страна и не сум забележал имплементирање на некои поразлични политики од оние западните на овие простории, бидејќи доколку забележев таква тенденција јас немаше да бидам во партнерството за организирање на влада и држава - изјави Али Ахмети.

Што се однесува до недолувањето на мандатот од страна на Иванов, Ахмети рече дека само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг не може да влијае тој да го реши, како што рече, создадениот политички јаз. Говорејќи за заедничката декларација, Ахмети рече дека прашањето за јазикот било прва точка на ДУИ уште во 2014 година, но неговата партија ја повлекла оваа точка, бидејќи имало конкретен предлог за решавање на прашањето со името.