Зошто пивските шишиња имаа зелена и кафена боја?
Вкусот на пивото зависи од бојата на стаклената амбалажа, пишува Мирор.
Се смета дека првото пиво е дело на древните Египќани и настанало уште пред неколку илјади години. Сепак, во текот на 19 век овој пијалак почнал комерцијално да се продава.
Пиварниците сфатиле дека стаклената амбалажа подолго го држи пивото свежо, па го пакувале во стаклени шишиња кои на почетокот биле проѕирни.
Таквото решение се задржало некое време, но се јавил проблем бидејќи пивото добивало непријатен вкус при малку подолг контакт со сонцето. Причината за тоа била што УВ зраците продирале во пијалакот.
Решението било пронајдено во зелените и кафените шишиња.
Потемната боја ги блокира штетните УВ зраци и пружа поголема заштита, па пивото го задржувало својот вистински вкус.
Можеби се прашувате зошто пивските шишиња се почесто со зелена од кафена боја?
Тоа е затоа што немало доволно кафена боја за стакло по Втората светска војна, па главно се користело стакло со зелена боја. Од тогаш, зелената останала традиционална боја за пивските шишиња, иако и тие со кафена боја можат повремено да се видат.
Денес, пиварниците можат да го променат УВ заштитниот слој на стаклото за да го зачуваат вкусот, но токму поради традицијата, веројатно ќе ги задржат старите шишиња во боја.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон