Нов покрив за станбена зграда во општина Карпош
Со поддршка на општина Карпош стариот покрив со салонитни табли на станбена зграда на улицата „Јуриј Гагарин“ број 54 ќе биде заменет со ребраст лим.
Според градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, целта на оваа акција е во следните четири години да се променат сите азбестни покриви кај индивидуалните и колективните објекти кои се наоѓаат на територија на општината.
- Во таа насока, досега имаме доделено 19.600 метри квадратни висококвалитетен бел ребраст лим. Инаку, за 2016/2017 година, за оваа намена се планирани 38.000.000 денари буџетски средства, од кои досега сме потрошиле околу 9.500.000 денари, изјави градоначалникот Јакимовски.
Јакимовски, како што се наведува во соопштението на општина Карпош, посочи дека за оваа инвестиција локалната самоуправа од својот буџет ќе издвои околу 528.000 денари, а изведувач на градежниот зафат е фирмата „Поди Трејд“.
- Ова е веќе осма зграда кај која се реконструира стариот покрив од средства кои ги обезбеди нашата општина. Имено, ние ги покриваме трошоците за набавка на лимот, хоризонталните олуци, ветер-лајсните, слемето и опшивките околу оџаците и вентилациите. Граѓаните обезбедуваат средства за работна рака и го бираат изведувачот на градежните активности, изјави Јакимовски.
Ново на Сител
-
Од воздух се гаси пожарот на планината Серта во штипскиот регион
-
Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, случаен минувач го однел в болница
-
Двојно повеќе повици во струшката брза помош, сообраќајот проблем за движење на екипите
-
Значително намален бројот на илегални преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан
-
Пезешкијан: САД мора да сфатат дека Техеран нема да потклекне на притисоци
-
Кулеба: Украина не може да чека уште 75 години, мора побргу да влезе во НАТО
-
Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро
-
Тинејџерите кои беа најдени во бессознание биле надрогирани - Состојбата е стабилна