Мартин и мртов нема мир: Гробот на убиеното момче сквернавен безброј пати

Мартин Арсиќ од Књажевац кој имал само 24 години кога починал од повредите кои му ги нанел сега 22-годишниот Ј.М. поливајќи го со бензин и палејќи го, ни пет години подоцна душманите не го оставаат на мира. Неговиот гроб досега безброј пати е осквернавен.
-Беше август 2012 година кога Ј.М. беше скаран со мојот син. Му пријде на панаѓурот, го полеа со бензин и го запали, раскажува низ солзи мајката на Мартин, Слаѓана Арсиќ.
Мартин се здобил со изгореници од втор и трет степен на над 70 отсто од телото.
-Пријателите на Мартин се организираа и дадоа кожа за мојот син, но по 19 дена борба, моето дете почина.
Арсиќ е погребан на гробиштата во Књажевац.
-Непосредно по погребот, непознат сторител од гробот на мојот син го откорнал крстот и го скришил. Го пријавивме случајот во полиција, но сторителот никогаш не е пронајден, а сквернавењето на неговиот гроб трае до ден денес, вели неговата мајка.
-Колку пати и да садев ново цвеќе, секогаш кога ќе дојдев ан гробот затекнував иста глетка. Се откорнато, саксиите скршени. Полицијата никогаш не ги најде вандалите, вели таа.
Пред неколку дена маката била да го посети гробот на Мартин и замалку ќе паднела во несвест.
-Сликата на споменикот беше скршена. Не можев да поверувам дека некој тоа намерно го направил, туку се убедував дека сликата пукнала од студот. Повикав каменорезец и тој рече: Слаѓо, нема студот врска со ова. Сликата некој намерно ја скршил!
Повторно се обратила во полицијата и кажала на кого се сомнева, но таму ја предупредиле дека ако нема докази да не споменува име зошто може да ја тужат за клевета.
-Не знам веќе што да правам. Помислував сама да ја земам правдата во свои раце, но... Сакам ова да престане. Мартин умре со тешка и болна смрт, каква не би му посакала на мојот најголем непријател. Нека го остават да почива во мир, плаче оваа мајка.
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
