-->
-->
Евролига: Реал Мадрид не го испушта првото место
-->

Екипата на Реал Мадрид оствари убедлива победа на последниот натпревар од 25.коло од кошаркарската Евролига откако на домашен терен ја победија Црвена Звезда со 98:68. „Кралскиот клуб“ ги доби сите четири четвртини, а во првата постигна 38 поени со што ја најави убедливата победа.
Резултати на натпреварите од 25.коло: Реал Мадрид – Црвена Звезда 98:68, Олимпијакос – Дарушафака 81:73, Анадолу Ефес – Бамберг 68:87, Барселона – Уникс 70:62, Макаби – Армани Милано 92:82, Жалгирис - Панатинаикос 64:58, Фенербахче – Басконија 74:79 и ЦСКА Москва – Галатасарај 85:69.
Табела: Реал Мадрид 19-6 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-6, Олимпијакос 18-7, Фенербахче 16-9, Басконија 14-11, Панатинаикос 14-11, Црвена Звезда 14-11, Анадолу Ефес 13-12, Дарушафака 12-13, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Бамберг 9-16, Макаби 9-16, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-18.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
