Самит на ЕУ посветен на иднината на Унијата
Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска во Брисел го започнуваат дводневниот Самит на кој главни теми ќе бидат „Белата книга“ со пет сценарија за спас на ЕУ на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, подготовка за официјалниот почеток на излез на Велика Британија од Унијата, изборот на претседател на Европскиот совет, економската состојба во блокот и состојбата на Западниот Балкан.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „Белата книга“ што Јункер ја претстави минатата недела со пет сценарија за иднината на Унијата не беше планирана за објавување до на пролет, но со активирањето на преговорите за Брегзит, што се очекува подоцна овој месец, првиот човек на Евросоветот, Доналд Туск ги повика лидерите да ја искористат денешната средба за да разговараат за декларацијата за иднината на ЕУ.
Разгледувањето на документот на Јункер доаѓа во момент кога властите во Берлин, Париз и Хаг се фокусирани на претстојните избори и кога е неизвесен вториот мандат на Доналд Туск на чело на Советот, иако тој ужива поддршка на Германија, Франција и Италија, но на неговиот реизбор се против неговата матична земја Полска. Сепак се очекува тој да добие уште две и пол години мандат на чело на Европскиот совет, бидејќи за негов реизбор е потребно квалификувано мнозинство,
Економската слика е се подобра за Унијата, со предвиден умерен раст и зголемување на рбаотните места во сите 28 земји членки на ЕУ. Но, кризата во Еврозоната се уште не е целосно надмината, пред се поради Грција.
Кризата пак со миграцијата, која ги разгоре националистичките ставови и предизвика екстремистички барања, се чини дека е под контрола, благодарение во голема мера на договорот со Турција и последните обраќања кон африканските влади.
На маса за дискусија вечерва во Брисел исто така ќе бидат и надворешните предизвици и евроскептицизмот со Брегзит и американскиот претседател Доналд Трамп.
За време на работната вечера, лидерите на ЕУ вечерва ќе дискуситраат и за состојбата на Западниот Балкан, по големата дебата на министрите за надворешни работи на змејите-членки на Унијата во понеделникот.
Притоа, за Балканот, лидерите во заедничка изјава се очекува да ја изразат својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, но нема да се споменува име на ниту една од земјите од регионот.
Исто така, лидерите на ЕУ се очекува да дадат зелено светло за создавање на Европска канцеларија на јавно обвинителство, иако не сите земји на ЕУ не го одобруваат ова, а ќе се разговара и за прашањето за стандардите за храна.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси