Тројца убиени и петмина повредени затвореници во тепачка во затвор во Оклахома
Во тепачка што изби во затворот Кушинг, во американската сојузна држава Оклахома, смртно настрадаа тројца затвореници, додека петмина се повредени, изјави денеска портпаролот на компанијата ЦЦА, која управува со затворот, Стив Овен.
Персоналот на затворот „Симарон“ во градот Кушинг, околу 16.40 часот по локално време (22,40 по средноевропско) успеал ситуацијата повторно да ја стави под контрола. Тепачката траела околу 40 минути, пренесуваат американските меидуми.
-Во судирот не е повреден ниту еден затворски чувар, а повредените затвореници се префрлени во болница, рече Овен.
Во затворот во Кушинг престојуваат 1.600 затвореници, а оваа установа има повеќе крила со средно и максимално ниво на обезбедување. До инцидентот дошло во крилото со средно ниво на обезбедување.
ЦАА е една од најголемите приватни компании во САД за водење затвори и има договори со повеќе американски сојузни држави за сместување затвореници.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија