Рурална Америка полага надежи во Трамп

Сојузната држава Канзас на американскиот среден запад, од 1964 година гласа за републиканските претседателски кандидати. Гласот на Америка неодамна во Канзас разговараше со поддржувачите на претседателот Доналд Трамп и еден демокорат за Трамповите први 100 дена во Белата куќа.
Округот Вудсон во Канзас, срцето на Америка, познат е по непрегледни рамници и љубезни луѓе кои не брзаат никаде. Во тоа подрачје, тројца од четворица гласачи гласале за претседателот Доналд Трамп. Меѓу нив е и земјоделецот Родни Грејсер.
„Мислам дека централниот дел на Америка го избра Доналд Трамп”.
Родни Грејсер е сопственик на илјада хектари земјиште на кое одгледува пченка и соја. „Тука постои логика која луѓето во градовите не ја сфаќаат. Слепи се за неа”.
Грејсер вели дека земјоделието е суфицитна гранка, а поради тоа сака претседателот Трамп да помогне да биде поконкурентна на глобалните пазари.
„Ако го уништиме централниот дел на Америка и земјоделието тоа ќе се почувствува во целокупната економија и на крај и крајбрежјето ќе ги трпи последиците”.
Регионот на Грејсер живее благодарение на земјоделието. Но едвај. Вудсон е најсиромашен округ во Канзас.
„Кога бев дете имавме четири продавници со алатки, три до четири продавници за автомобили. Ништо од тоа не остана” – вели земјоделецот Гери Стил.
Стил работи на истата фарма на која е роден. Неговите синови го напуштиле Канзас поради работа. Тој вели дека повеќе не постои пазар за сено, како ни за пченка.
„Нашите трошоци се огромни, во споредба со цената која ја добиваме за производите”.
Стил полага надежи во Трамп.
„До сега е добро. Сите ги разлути. Тоа е добар знак”.
Демократот Вилин Треслер не гласал за Трамп, но има совет за новиот претседател.
„Да молчи, да седне и да ги слуша своите советници. И тоа за почеток”.
Без оглед дали се демократи или републиканци, овие жители на Канзас имаат ист американски сон: да се вратат работите и фармите да бидат повторно профитабилни, а потоа и нивните деца ќе се вратат дома.
Гласот на Америка - Вашингтон
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
-

Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
-

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот
