Бизнис
3. March 2017 - 20:26

Владата распиша нов тендер за изградба на секундарна и терцијална гасификациона мрежа

Владата распиша нови меѓународни огласи за јавно-приватно партнерство за изградба и управување на секундарната и терцијарната гасификациска мрежа.

Се бараат компании кои ќе вложат средства во изградба на гасоводен систем до институциите, компаниите и домаќинствата во три засебни региони – скопскиот, источниот и западниот. Вкупно, инвестицијата се проценува на 150 милиони евра.

Во однос на претходниот оглас измените се дека концесијата наместо на 20, се нуди на 30 години, а субвенцијата на владата во цената на приклучокот за крајните корисници на најекономичниот енергенс се намалува за 20 проценти.

Магистралната гасоводна делница Штип - Клечовце е готова, а се градат уште три, Штип – Неготино, Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Во план е изградба на ушт е13 делници како и осум краци за поврзување на економските зони. 

Гасификацијата на Македонија се проценува на околу половина милијарда евра. Според проценките на владата, до 2020-та треба бидат реализирани 70 проценти од инвестицијата.