Во Дебарското одделение на УЈП доставени 870 годишни даночни пријави

Во Дебарското даночно одделение, кое делува во рамки на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Тетово, последните денови видно е зголемен бројот на доставени годишни даночни пријави.
- Даночното одделение во Дебар ги покрива оваа и општина Центар Жупа. До денес доставени се 870 годишни даночни пријави од лица од двете општини. Како што е познато рокот за доставување даночна пријава е 15 март, поради што апелирам до граѓаните да не го чекаат последнот ден, изјави Гоце Веселиновски, портпарол на Регионалната дирекција.
Споредувајќи ги податоците од последните две години, Веселиновски оцени дека бројот на доставени пријави, од година во година, расте. Лани во Дебарското одделение пријави доставиле 1.740, додека претходната година 1.310 обврзници.
Според портпаролот, на ниво на Регионалната дирекција, која го покрива и Даночното одделение во Гостивар, годишна даночна пријава до денес доставиле околу 9 илјади лица.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
