ЕК: Бугарија исполни два отсто од мигрантските квоти на ЕУ, слаба реализација во цела ЕУ

Бугарија досега исполнила два отсто од квотите на ЕУ за прифаќање на кандидати за азил, покажуваат податоците што денеска ги објави Европската комисија, јавува БТА.
Бугарија досега примила 29 мигранти, кои пристигнале од Грција, иако биле поднесени 310 молби за азил и имало ветување дека до крајот на годината од оваа земја ќе бидат прифатени 831 лице.
Од Италија досега не се примени мигранти, но има поднесени 140 молби за азил, а ветувањето е дека ќе бидат прифатени 471 лице.
Од Турција биле поднесени 50 молби за азил, но досега нема пристигнати во Бугарија.
ЕК денеска повика на обновување на напорите за реализирање на квотите. Комисијата посочи дека малку од државите во ЕУ во целост ги исполниле своите ветувања. ЕК повикува до крајот на март државите од ЕУ да го пополнат недостигот од персонал и опрема во европската погранична служба.
Според ЕК, „сите оперативни претпоставки за спроведување на преместувањата во Грција и Италија се ставени на располагање и државите од ЕУ треба да дејствуваат и да ги исполнат своите обврски“.
Се забележува дека целта е секој месец да се спроведат по речиси 3.000 преместувања од Грција и по речиси 1.500 од Италија. Досега се извршени вкупно 13.546 преместувања-3.936 од Италија и 9.610 од Грција.
Сегашното темпо нема да дозволи преместување во рок на сите кандидати кои одговараат на поставените услови, а се наоѓаат во Грција и Италија.
Досега само Малта и Финска се на пат да ги исполнат своите ветувања за Италија и Грција, додека Унгарија, Австрија и Полска се уште одбиваат да учествуваат во квотите.
Другите држави ги реализираат своите ветувања многу ограничено, посочува ЕК, и како пример ги наведува Бугарија, Чешка, Хрватска и Словачка.
Доколку државите од ЕУ наскоро не го зголемат броот на реализирани раселувања, ЕК нема да се поколеба да ги употреби своите овластувања кон оние кои не ги испочитувале своите обврски, предупредува комисијата, која може да преземе казнени процедури.
Комисијата забележува дека не застарува правната обврска за раселување на мигрантите, кои одговараат на условите за тоа.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
