„Јени Шафик“: Турција би можела да го ограничи пристапот на САД до базата Инџирлик

Турција би можела да донесе одлука за ограничување на пристапот на американските сили до воздухопловната база Инџирлик, доколку во офанзивата врз главното упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, Рака, бидат вклучени и силите на сириските Курди, објави турскиот весник „Јени Шафик“.
Анкара се противи на вклучувањето на военото крило на Партијата на демократската унија на сириските Курди, Силите за заштита на народот во сојузничката офанзива против ИД во Рака, затоа што двете организации ги смета за терористички групи поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).
Според весникот, доколку САД решат да ги вклучат Силите за заштита на народот во офанзивата врз Рака, тогаш Анкара би можела да им забрани на американските авиони прелет преку турскиот воздушен простор, со што би се отежнало спроведувањето на операцијата.
Во воената база Инџирлик, која се наоѓа во реонот на јужниот турски град Адана, се стационирани десетици авиони на воените воздухопловства на САД, Германија, Велика Британија, Саудиска Арабија и Катар, кои се вклучени во воздушните напади на силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција врз цели на ИД во Сирија.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
