КХВ: Нов отворен инвестициски фонд КБ Публикум - МБИ 10

Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за управување со инвестициски фондови „КБ Публикум" ад Скопје му даде одобрение да основа нов отворен инвестициски фонд КБ Публикум-МБИ 10.
Според инвестициската стратегија, КБ Публикум-МБИ 10 првенствено е наменет за инвеститори кои сакаат своите средства да ги вложат на среден рок, односно на период подолг од една година.
- Како инвеститори на Фондот може да се јават домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат, согласно законската регулатива. Најголемо учество во имотот на фондот ќе имаат сопственичките хартии од вредност на домашните издавачи, односно ќе доминира изложеноста кон македонскиот пазар на капитал. Покрај ваквите вложувања, а заради ликвидност, дел од средствата на фондот ќе бидат вложени во краткорочни депозити во комерцијални банки во Македонија, информира КХВ.
Како што појаснуваат, друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во финансиските инструменти: акции на издавачи кои се составен дел на македонскиот берзански индекс МБИ 10, државни должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, депозити кај овластени банки од РМ со рок на доспевање пократок од една година и отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик кои вложуваат исклучиво во депозити и должнички хартии од вредност под услов да не наплаќаат трошоци за управување повисоки од еден процент од нето вредноста на имотот на фондот .
По КБ Публикум-Балансиран, КБ Публикум –Обврзници, КБ Публикум-Паричен, КБ Публикум-МБИ 10 ќе биде четвртти фонд со кој управува Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум АД Скопје.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
