„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: Истакнете македонско знаме на вашите прозори и балкони, развејте ги боите на Заедничка Македонија!
-Ви благодариме на сите за огромната поддршка кон иницијативата за Заедничка Македонија!, нашиша организаторот на протестите на официјалната ФБ група.
Црвено жолтата линија за зачувување на државата сме сите ние, и кога сме заедно, сме непобедливи. Црвено жолтата линија на унитарна Заедничка Македонија е секој еден од нас. И во поддршка на боите на Македонија, ве повикуваме сите да истакнете македонско знаме на вашите прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи вашата црвено жолта линија со која исцртувате: Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!
Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација.
Развејте ги боите на Заедничка Македонија!
(ФБ статус на ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА)
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика