-->
-->
Војници од руска база во Таџикистан ќе ја обезбедуваат авганистанската граница
-->

Русија и Таџикистан се договорија да соработуваат за зајакнување на контролата на таџикистанско-авганистанската граница.
- Двете страни потврдија дека заедничките напори на вооружените сили на Таџикистан и на 201. руска воена база на територијата на Таџикистан се важен фактор за гарантирање на меѓународната безбедност, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата во Душанбе со таџикистанскиот лидер Емомали Рахмон.
Руската воена база во Таџикистан е создадена согласно меѓусебниот договор од октомври 2012 година. Минатата година Таџикистан го зголеми бројот на своите војници долж границата со Авганистан поради опасност од појава на вооружени наркодилери и исламистички бунтовници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
