Ирачките сили зазедоа стратешки важен мост во Мосул
Ирачките сили, кои имаат поддршка од САД, го зазедоа денеска најјужниот мост во Мосул, преку реката Тигар, се наведува во соопштение на армијата.
Станува збор за еден од петте мостови преку Тигар, од кои сите се оштетени во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.
Кога ќе биде поправен мостот ќе им овозможи на ирачките сили да доведат воени зајакнување и да внесат резерви од источните делови на градот, со што се создава дополнителен притисок врз џихадистите во западниот дел на градот.
Ирачките сили вчера продолжија да навлегуват подлабоко кон западниот дел на Мосул за да го заземат мостот преку Тигар и да го поврзат источниот брег на реката, кој е под контрола на Владата со западниот брег, каде во тек е офанзива на преостанатите џихадисти.
Ирачките сили го зазедоа источниот дел на Мосул во јануари, по сто денови борба, а нападот на окрузите западно од Тигар го покренаа пред една недела.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд