Груевски: Заев нека удри по мене, само нека ја остави државата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му нуди на лидерот на СДСМ Зоран Заев малцинска влада и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ доколку се откаже од платформата на албанските партии и уривање на националните интереси.
-Му порачувам на Заев и му давам јасна понуда, доколку по секоја цена е решен да стане премиер и доколку цената треба да се работи кои ќе им направат штета на темелите на државата, дека лично му нудам доколку албанските партии го донесат на власт, ако се откаже од спроведувањето на таа агенда, ќе му дадеме поддршка да биде малцинска влада во период во кој ќе се договориме, и ќе има поддршка за сите закони освен оние за редефинирање на државата, кои се понижување на другите етнички заедници. Ќе има поддршка за се освен ако се работи за закони кои удираат на темелите на нашата држава, за се друго ако го донесат албанските партии на власт ние сме тука да застанеме, да му дадеме поддршка и да има 100 пратеника кои ќе го поддржуваат само да запре со уривање на националните и државните интерси, дециден е Груевски.
-Ако му е голема желба да нѐ малтретира, да не апси, еве јас се пријавувам за прв доброволно, нека ме малтретира, апси, нека удри по мене, само нека ја остави државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила