-->
-->
Вардар домаќин на Целје во дуел од Лигата на шампионите
-->
Македонскиот првак Вардар попладнево пред својата публика во ЦС „Јане Сандански“ ќе го пречека словенечкиот Целје во натпревар од ракометната Лига на шампиони.
Вардарци ќе траба да ја оправдаат улогата на фаворит и со победа да се вратат на првото место во Б групата. Во моментов лидер е германскиот Рајн-Некар кој во првиот меч од 12.коло одигран во средата го совлада Мешков Брест со 25-24.
Натпреварот Вардар – Целје ќе се игра во терминот од 17 часот и 30 минути, а од 20 часот ќе започне мечот ППД Загреб – Кристијанштад, додека утре ќе играат Киелце и ПИК Сегед.
Табела: Рајн-Некар 17 бодови, Варда 16, Киелце 14, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, Цеље 7, Кристијанштад 6, ППД Загреб 5.
Во групата А денеска ќе се одиграат два натпревари, Веспрем - Висла Плок, Кил – Силкеборг и ПСЖ – Кадетен Шафхаузен, додека средбата Барселона – Фленсбург на програмата е утре.
Табела : Барселона 20 бодови, ПСЖ 18, Веспрем 12, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 4 и Кадетен Шафхаузен 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче