ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на Ковачев и Брок е упатено на погрешна адреса
Обидот за бришење на цел народ преку една срамна декларација е чин за најголема осуда, кој се коси со сите демократски принципи. Македонци во Албанија постоеле и ќе постојат и покрај обидите на европратеникот Андреј Ковачев и негови истомисленици со срамна резолуција да ги прогласат за Бугари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со писмото на европратениците Брок и Ковачев.
- Да се прават обиди за бришење на идентитетот на цел народ е врвен недемократски, срамен и недоличен акт, а во исто време да се изразува некаква загриженост за невладиниот сектор во Македонија е исклучително лицемерно, стои во соопштението.
Воедно, се нагласува дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на улогата на невладините организации под контрола на Џорџ Сорос е кристално јасна. Институтот Отворено Општество, се додава, го узурпираше и го уништи невладиниот сектор во Република Македонија, а целиот потенцијал „го стави во функција на една политичка опција, злоупотребувајќи ги сите ресурси што им стојат на располагање“.
- Срамно се кренаа против процесот на лустрација кој беше дел од исправањето на неправдите од црното комунистичко минато. Редовно се спротиставуваа на сите мерки кои ги носеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а кои значеа приближување кон европските вредности. Од друга страна редовно ги поддржуваа или премолчуваа, зависно од потребите, сите активности на СДСМ вклучувајќи го и периодот кога партијата беше на власт во кое време се случија шверцот и кршењето на ембаргото, што беше спротивно на заедничката политика на ЕУ, се посочува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, се нагласува, секогаш се залагало за европските демократски принципи и интеграцијата во ЕУ и НАТО остануваат и натаму еден од приоритетите. Во однос на писмото, се укажува, упатено е на погрешна адреса, со или без намера.
- Ве дезинформирале околу поврзаноста на движењето С.О.С. и ВМРО-ДПМНЕ. Ве охрабруваме сите забелешки и сугестии, како и одговори на вашите прашања, да ги упатите и побарате на соодветна адреса. Сигурно ќе дознаете се што ве интересира. Впрочем, движењето С.О.С. изнесе многу интересни податоци за партиско-политичкото узурпирање на граѓанскиот сектор од СДСМ/Соросм, стои во еоопштението.
Се надеваме, се додава, дека писмото е производ на искрена грижа за Република Македонија, а не некакво одрабортување за невладините организации под контрола на Сорос.
- Јавноста во Македонија ќе биде особено убедена во тоа доколку ја осудите срамната декларација со која Македонците во Албанија се опишуваат како Бугари и доколку се признае и прифати македонското малцинство во соседна Бугарија. Процесот на десороизација е од исклучителна важност за Република Македонија бидејќи само така може да се даде шанса на вистинскиот невладин сектор кој е неопходен на Република Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени